story

Нашата приказна

Мермерот е уметничко дело на природата, а ние сме тука да создадеме дизајн и тоа дело да го оформиме во функционално парче мебел кое ќе го разубави секојдневието во домот. Љубовта спрема благородниот материјал е причината и мотивацијата за почетокот на оваа приказна што ја нарекуваме LuxBox. Изработен локално од специјалисти во областа на природен камен и метална обработка, мебелот на LuxBox се изработува со голема грижа и внимание до најмалите детали. Главната инспирација за името LuxBox се секако главните ликови во оваа приказна – масите кои потсетуваат на мермерни кутии што зрачат луксуз, елеганција, но и спокој од природата. Нашите дизајни се ексклузивни, секое парче мермер е уникатно, секоја шара е единствена и дава деликатен и луксузен изглед на секој ентериер. Нашата цел е да креираме предмети кои се практични и ќе се користат во секојдневието, но истовремено ќе бидат најубавата декорација во вашиот дом.

Зошто мермер?

Кафето кое се пие на масa од мермер го има најубавиот вкус! Мермерот како основен материјал користен во дизајните на LuxBox, години наназад го наоѓа својот пат до сите трендови во внатрешното уредување. Поради тоа, се смета за безвременски материјал кој никогаш не излегува од мода. Без разлика на стилот кој го фаворизирате, мермерот изгледа одлично во модерен, класичен, индустриски, скандинавски, па дури и во бохо ентериер. Исклучително цврст и силен материјал кој е лесно-одржлив, мермерот и предметите изработени од истиот се долготрајна инвестиција за домот.;

story