Враќање и рекламација

20 Oct 2020

ВРАЌАЊЕ/ОТКАЖУВАЊЕ НА ПРОИЗВОД

***Поради природниот материјал од кој се изработени производите на LuxBox секое парче е посебно и уникатно, па очекувано е да има различности во однос на прикажаните слики, а можно е да се забележат и “совршени несовршености” како мали пукнатини, дупчиња и бои на мермерот кои се сосема нормални.

Производите на luxbox.mk се изработуваат по нарачка и од истите нема на залиха. Поради тоа, законот за потрошувачи и стандардните правила за откажување и враќање производ не се аплицираат. Доколку сакате да го вратите производот ви даваме можност да не известите и да го вратите во рок од 4 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување. Производот се враќа така што најпрвин ќе не известите телефонски или по пат на електронска пошта, а потоа ќе го вратите преку курирска служба на дадената адреса. Трошоците за враќање на производот ги сноси потрошувачот. Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање,
Гимекс Консалтинг ДООЕЛ има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 5 работни денa.


РЕКЛАМАЦИЈА

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 071384943 од понеделник до петок 09-17ч или пак да ни испратите е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата luxbox@gmail.com и да ги наведете причините поради кои сакате да
направите враќање на пакетот. Трошоците за враќање на производ се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил видно оштетен или погрешен производ. За да се врати производ, истиот задолжително мора да биде во истата состојба како што е доставен и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена или рефундација.
Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае и до 5 работни дена.