Начин на плаќање
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
Достапни се два начини на плаќање: плаќање со VISA EC/MC или Maestro картичка или плаќање по
издадена фактура.Доколку плаќате со картичка треба да знаете дека секоја направена трансакција подлежи на
авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од
картичката), со цел да се потврди достапноста на нарачаниот производ. Во работни денови авторизацијата се врши од 09:00 до 17:00 часот. Во тој период ќе добиете повратна информација дека купопродажбата е затворена.
Информациите за авторизацијата за купопродажбите по 17:00 часот во работни денови се доставуваат наредниот ден. Информациите за авторизацијата за време на викенди и празници се доставуваат првиот следен
работен ден.
- Плаќање по издадена фактура:
Доколку во кошничка ја селектирате опцијата за плаќање по издадена фактура, на е-маил адресата со која сте се регистрирале на нашата интернет продавница ќе ви пристигне автоматски маил со фактура. Откога ќе го извршите фактурното плаќање, ние ќе го започнеме процесот на изработка на производот и испорака.
- Плаќање со платежна картичка:
Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала. *Сите трансакции со Динерс Клуб кредитна картичка ќе бидат поделени на 6 рати без камата.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.
На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :
- Број на платежната картичка
- Име и презиме на носителот на картичката
- Датумот на важност на картичката
- CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка
Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Комерцијална Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.
Напомена:
По успешно процесирана онлајн нарачка, платена со платежна картичка, Вашите средства ќе бидат само резервирани. Откако ќе ја потврдиме залихата за вашата онлајн нарачка, ќе се иврши наплата на резервираните средства во вредност за робата која е резервирана за достава. Во случај кога не сме во можност да Ви ги доставиме производите при процесираната нарачка и резервирани средства, ќе бидете контактирани од нашиот Онлајн тим за понатамошни инструкции. Во случај на откажување на нарачката вшите средства ќе ви бидат рефундирани во рок од 3-5 работни денови.
**Напомена за корисниците на Динерс Клуб картичките. За сите прашања во врска со
поволностите на истите, обратете се на телефон 15 155.