Console Bella Ana Jade Gold
22.600,00 МКД
Стилско парче мебел изработено од природен зелен мермер и златна метална конструкција. Искористете ги висечките полици како подиум за вашите омилени вази и цвеќиња.
- Димензии : 100x25cm H100cm
- Материјал : Природен мермер , Метал
- Боја на метал : Златна Мат
Конзолите и полиците со мермерни површини се вистинска декорација на домот. Благодарение на минималистичкиот дизајн, комбинацијата од високо квалитетни материјали и пријатни бои, тие одлично се вклопуваат во секаков стил на ентериер. Доколку преферирате конзола или полица во друга димензија или боја, пишете ни ја вашата идеја, а ние ќе ја реализираме за вас.
* Поради природниот материјал од кој се изработени производите на LuxBox секое парче е посебно и уникатно, па очекувано е да има различности во однос на прикажаните слики, а можно е да се забележат и “совршени несовршености” како мали пукнатини, дупчиња и бои на мермерот.
